text size
Компанијата „Киел“ го проширува производството во Македонија. Претставници на германската компанија денеска потпишаа договор за зголемување на инвестицијата, чија цел е да почне да се гради нов дополнителен производствен капацитет на нивната фирма во тетовската технолошко-индустриска развојна зона. Потпишувањето се изврши во веќе постојниот објект на компанијата, во близината на зоната и селото Желино, од страна на Јурген Мил, директор на „Киeл интернационал“, и Кристијан Шанд, генерален менаџер на „Киeл“ за Македонија, како и Јован Деспотовски, директорот на ДТИРЗ.