text size
Во текот на вториот квартал од 2023 година вкупните директни инвестиции во Македонија бележат нето-приливи од 133,2 милиони евра, покажуваат новите податоци на Народната банка. Тоа е резултат на зголемените инвестиции во сопственичкиот капитал (68,4 милиони евра) и реинвестирање на добивката (66,1 милиони евра), додека кај меѓукомпанискиот долг се остварени нето-одливи (од 1,3 милион евра).