„Амазон“ (Amazon) се согласи да ја преземе сателитската компанија „Глобалстар“ (Globalstar) во зделка вредна околу 11,6 милијарди долари, со што технолошкиот гигант дополнително ќе ги засили напорите за изградба на сопствена сателитска мрежа.
„Амазон“ им нуди на акционерите на „Глобалстар“ или 90 долари во готово по акција или 0,32 акции од „Амазон“ со вредност ограничена на 90 долари по акција, според соопштение објавено во вторникот. Понудата од 90 долари претставува премија од 23,5 отсто во однос на цената на затворање на „Глобалстар“ од понеделникот. Се очекува зделката да биде финализирана во 2027 година.
Претходно „Блумберг“ објави дека „Амазон“ е во напредни преговори за купување на „Глобалстар“. Тргувањето со акциите на „Глобалстар“ беше привремено стопирано поради објавата, додека акциите на „Амазон“ пораснаа за 1,1 отсто пред отворањето на берзите во Њујорк.
Прочитај повеќе
„Амазон“ размислува да ги продава своите чипови за вештачка интелигенција на други компании
Објавата нуди редок увид во обемот на внатрешната операција на чипови на „Амазон“.
09.04.2026
Новиот филм со Рајан Гослинг - најпрофитабилна инвестиција на „Амазон“?
Филмот „Проектот Очајнички обид“ (Project Hail Mary) на крајот од минатата недела го зазеде првото место на благајните во САД и Канада, со приходи од продажба на билети од 80,5 милиони долари, што претставува најуспешна филмска премиера годинава.
24.03.2026
„Амазон“ ја развива својата сателитска мрежа во ниската орбита, позната како „Амазон Лео“ (Amazon Leo), со цел да му конкурира на „Спејс екс“ (SpaceX) на Илон Маск, чиј брзорастечки интернет-сервис Старлинк (Starlink) има повеќе од 10 милиони активни корисници и околу 10.000 сателити во орбитата. Се очекува Старлинк да оствари приходи поголеми од 9 милијарди долари оваа година.
Сателитскиот интернет доживува брз раст, особено во тешко достапни региони, но „Амазон“ заостанува зад својата цел да обезбеди покриеност со повеќе од 7.700 сателити. Компанијата побара од Федералната комисија за комуникации да го одложи или продолжи рокот за лансирање на 1.600 сателити до јули.
Според аналитичарот на „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence), Џон Дејвис, „Глобалстар“ може да ги забрза напорите на „Амазон“ бидејќи веќе располага со функционална сателитска мрежа. Сепак, мрежата на компанијата е помала од онаа на Старлинк и главно е насочена кон поврзување телефони и други уреди во области со слаб сигнал. На пример, „Глобалстар“ ја обезбедува технологијата за итни сателитски услуги на „Епл“ (Apple) за уредите ајфон.