Германскиот синџир супермаркети „Реве“ (Rewe) би можел да продаде дел или сите продавници на „Пени маркет“ (Penny Market) во Италија, бидејќи размислува за повлекување или намалување на своето присуство во земјата, објави во неделата „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera), повикувајќи се на неименувани извори.
„Реве“ веќе го намали своето присуство во Италија со продажбата на продавниците што работеа под брендот „Била“ (Billa) пред повеќе од десет години, наведува весникот. Поголемиот дел од тие продавници тогаш биле поделени меѓу францускиот синџир „Керфур“ (Carrefour SA) и италијанскиот „Конад“ (Conad), модел што би можел да се примени и со „Пени“, само со германските дисконтни синџири „Лидл“ (Lidl) и „Алди“ (Aldi) како потенцијални купувачи, пишува „Кориере“.
„Пени“, кој работи во Италија од 1994 година, има речиси 500 продавници во земјата и генерира проценет годишен приход од речиси две милијарди евра, пишува „Кориере“, без да наведе одговор од „Реве“ или „Пени“.
Прочитај повеќе
Сопственикот на „Лидл“ инвестира во спортска стриминг-платформа
Платформата „Дин“ беше лансирана во август 2023 година и пренесува натпревари од машките и женските германски лиги во кошарка, ракомет, одбојка, пинг-понг и хокеј.
02.07.2025
„Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип
Познатиот германски бренд „Лидл“ е заинтересиран за отворање на маркети на две локации во Штип.
11.11.2024
„Керфур“ заврши неславно во Македонија, сега може да се врати на Балканот
Од компанијата велат дека отвораат продавници во 10 нови земји до 2026 година
06.06.2024
Италијанскиот пазар се покажа како предизвик за големите синџири супермаркети, бидејќи падот на населението и забавената потрошувачка вршат притисок врз профитабилноста. Минатата година „Керфур“ ги продаде своите активности во Италија на прехранбената компанија „ЊуПринсес“ (NewPrinces) за вредност на капиталот од само едно евро.