„Епл“ (Apple Inc.) поднесе тужба против „Опен-еј-ај“ (OpenAI) за кражба на деловни тајни, обвинувајќи ја компанијата за вештачка интелигенција и нејзиниот директор за хардвер дека спровеле координирана кампања за прибирање информации за идните производи на „Епл“.
Производителот на Ајфон во тужбата поднесена во петокот наведува дека „Опен-еј-ај“ ги охрабрувала вработените во „Епл“ да споделуваат информации, компоненти, технички цртежи и други материјали поврзани со претстојните производи, како дел од напорите на компанијата за развој на сопствена линија уреди.
Во постапката поднесена пред Федералниот окружен суд во Северна Калифорнија, „Епл“ го наведе и Танг Тан, главниот директор за хардвер во „Опен-еј-ај“. Тој претходно беше потпретседател за дизајн на производи во „Епл“, раководејќи со развојот на Ајфон, Епл воч, Ерподс и повеќе други производи во одделот за хардверско инженерство.
Прочитај повеќе
„Епл“ со зголемувањето на цените ја урна светската берзанска еуфорија
Инвеститорите одново стравуваат дека еуфоријата околу вештачката интелигенција влегува во турбулентна фаза.
26.06.2026
Новиот оперативен систем на „Епл“ го навестува првиот ајфон на преклопување
Телефонот би можел да дебитира заедно со серијата ајфон 18 про.
09.06.2026
„Епл“ ја претстави новата вештачка интелигенција, Сири добива напредни функции
Новитетите беа претставени за време на годишната конференција за програмери Worldwide Developers Conference (WWDC).
08.06.2026
„Опен Еј-Ај“ глобално го лансира својот врвен ВИ модел
„Опен Еј-Ај“ првично ја објави верзијата на ГПТ‑5.6 само за избрани партнери, следејќи го притисокот од администрацијата на Трамп да го пушти постепено. Владата во меѓувреме ги укина ограничувањата на платформата, објави „Аксиос“ („Axios“). Лансирањето оваа недела доаѓа со зелено светло од американското владино раководство, изјави портпарол на „Опен Еј-Ај“.
08.07.2026
„Опен еј-ај“ нуди удел од пет отсто за американската влада
Сем Алтман предлага американската влада да поседува удел во водечките компании за вештачка интелигенција, со цел пошироко да се распределат придобивките од брзиот развој на секторот.
02.07.2026
„Опен еј-ај“ поднесе барање за ИПО: Трка по пари во светот на вештачката интелигенција
„Опен еј-ај“ работи со „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“ (Morgan Stanley) за потенцијално котирање на берзата уште на есен.
09.06.2026
Во соопштение, „Опен-еј-ај“ изјави дека „нема интерес за деловните тајни на други компании“.
„Остануваме фокусирани на развој на иновативна технологија што ги оспособува луѓето насекаде“, изјави портпарол на компанијата со седиште во Сан Франциско.
Овој правен спор претставува драматичен пресврт за двете компании кои во последниве години работеа како блиски партнери. „Опен-еј-ај“, креаторот на Чат ГПТ, обезбедуваше клучна технологија за платформата Епл интелиџенс и дигиталниот асистент Сири. Но, тензиите растат во текот на изминатата година, особено откако „Опен-еј-ај“ го ангажираше поранешниот легендарен дизајнер на „Епл“, Џони Ајв, за развој на нови уреди.
„Опен-еј-ај“, која се подготвува за иницијална јавна понуда на акции (ИПO) во наредните месеци, привлече голем број поранешни вработени од „Епл“. Според тужбата, повеќе од 400 поранешни работници на „Епл“ сега работат во „Опен-еј-ај“.
„На секое ниво, од членовите на техничкиот персонал до главниот директор за хардвер, и во координација со деловни партнери, ‘Опен-еј-ај’ крадела деловни тајни и доверливи информации на ‘Епл’“, се наведува во тужбата на технолошкиот гигант од Купертино, Калифорнија. „Како природен резултат, новиот хардверски бизнис на ‘Опен-еј-ај’ сега почива на исклучително нестабилни темели, нарушени во самата суштина поради незаконското потпирање на присвоени деловни тајни.“
„Епл“ бара „Опен-еј-ај“ да ги прекине овие практики и да ги уништи сите доверливи материјали. Компанијата, која бара судење со порота, исто така сака „Опен-еј-ај“ да ги редизајнира идните производи за да не содржат никаква технологија која потекнува од „Епл“.
„Епл“ тврди дека Тан ги охрабрувал вработените да споделуваат информации за идни производи за време на интервјуа за работа. Во тужбата е наведен и поранешниот хардверски инженер на Ајфон, Чанг Лиу, за кого се тврди дека доставувал материјали. Тој се приклучил на„Опен-еј-ај“ во јануари.
„Во текот на неколку недели, додека развивал хардвер за ‘Опен-еј-ај’, господинот Лиу тајно пристапил и презел десетици доверливи датотеки поврзани со хардверот на ‘Епл’, вклучувајќи обемни и детални информации за необјавени производи, инженерски презентации, технички спецификации и сопствени проектни податоци“, се наведува во тужбата.
„Епл“ исто така тврди дека нејзините вработени биле „активно советувани“ од „Опен-еј-ај“ како да го напуштат работното место.
„’Опен-еј-ај’ ги советувала вработените што заминуваат да не го откриваат својот нов работодавец и им давала насоки како да го избегнат ‘непосакуваното итно отстранување’ од компанијата, кое би ги лишило од пристап до доверливите информации и деловни тајни на ‘Епл’, наместо да им биде дозволен стандардниот отказен рок од две недели“, се наведува во тужбата.
Случајот ја нагласува важноста на новата генерација ВИ-уреди за Силициумската долина. „Епл“ „Опен-еј-ај“, „Мета“ и други компании се натпреваруваат во развојот на нови уреди со вештачка интелигенција во центарот на нивната функционалност, подготвувајќи се за ерата по паметните телефони.
„Епл“ работи на разновидни уреди, вклучувајќи паметни очила, привезоци и Ерподс со вградени камери, како дел од своите напори да се приспособи на ВИ-ерата.
„Епл“ соопшти дека пред неколку месеци се обидела да го реши спорот со „Опен-еј-ај“ надвор од суд, барајќи да престанат спорните активности и да ги отстранат сите доверливи материјали. Според „Епл“, одговорот изостанал, по што била поднесена тужбата.
„Се појавија значајни докази кои укажуваат дека лица вработени во ‘Опен-еј-ај’ незаконски презеле тајни и доверливи информации на ‘Епл’ поврзани со нашите необјавени технологии, процеси и производи“, соопшти компанијата.
Како дел од преминувањата во „Опен-еј-ај“, минатиот месец компанијата ја напуштил и високиот извршен директор задолжен за проектот за паметни очила на „Епл“.
Иако двете компании никогаш немале партнерство за развој на хардверски уреди, тие соработуваа на функции базирани на вештачка интелигенција за Ајфон и други производи. Тоа партнерство беше објавено на Светската конференција за програмери на „Епл“ (WWDC) пред две години, каде што извршниот директор на „Опен-еј-ај“, Сем Алтман, присуствуваше во публиката. Во тоа време, шефот за софтвер на „Епл“, Крег Федериги, ја нарече „Опен-еј-ај“ „пионер и пазарен лидер“ во областа на вештачката интелигенција, а компаниите изгледаа подготвени за пошироко стратешко партнерство.
Соработката им овозможуваше на корисниците да добиваат резултати од Чат ГПТ преку Сири и да ја користат технологијата за генерирање текст и анализирање на објекти преку функцијата Визуал интелиџенс на Ајфон. Подоцна партнерството беше проширено, при што „Епл“ го додаде Чат ГПТ како опција за создавање слики во апликацијата Имиџ плејграунд и за анализа на содржина прикажана на екранот.
Но, и односите околу интеграцијата на Чат ГПТ во Сири се влошиле. „Блумберг њуз“ претходно оваа година објави дека „Опен-еј-ај“ разгледувал сопствени правни чекори против „Епл“. Според извори запознаени со ситуацијата, компанијата не ги добила очекуваните придобивки од партнерството и размислувала да испрати известување за прекршување на договорот.