text size
Австриската „Рајфајзен банк интернешнал“ - РБИ (Raiffeisen Bank International - RBI) објави клучни информации за текот на својата јавна понуда за преземање на „Адико банка“ (Addiko Bank AG), откривајќи дека е на чекор до исполнување на минималниот праг.
Во неизвесната завршница од борбата за контрола над „Адико банка“, во која учествува и словенечката „Нова љубљанска банка“ - НЛБ (NLB), секој процент од поддршката на акционерите е пресуден. Најновите податоци покажуваат дека „РБИ“ обезбедил значајна предност, но исходот ќе остане неизвесен сѐ до истекот на рокот за прифаќање на понудата