text size
Народна банка на Република Македонија воведува администрација врз „Алта банка“ Битола откако Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на српската „Алта банка“.
„Администратори во банката ќе бидат три лица од НБРМ, а целта на оваа времена мерка е да се заштити имотот на банката и средствата на штедачите“, изјави гувернерот на НБРМ, Трајко Славески на попладневната прес-конференција.
Времената мерка ќе трае три месеци. Во овој период на сопственикот на мнозинскиот пакет акции во битолската банка му се одзема правото на глас, а по тој рок акциите ќе бидат дадени на продажба. Гувернерот Славески вели дека има заинтересирани купувачи за „Алта банка“ од Битола.
Прочитај повеќе
НБРМ ги следи сите околности што можат да влијаат врз работењето на „Алта банка“ од Битола
Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации.
31.10.2026
Какви финансиски резултати прикажува „Алта банка“ во Македонија?
Српската „Алта банка“ на која утрово Народна банка на Србија и ја одземе дозволата за работа пред една година стана сопственик на „Стопанска банка“ од Битола.
31.10.2026
НБС ја одзеде дозволата на „Алта банка“, „Алта банка“ Битола соопшти дека работи непречено
НБС ѝ ја одзеде дозволата за работа на ALTA банка, откако банката, и покрај претходно изречените надзорни мерки, не успеа да ја подобри својата финансиска состојба и ликвидност.Српската банка пред една година ја купи „Стопанска банка“ од Битола.
31.10.2026
Во овој период додека „Алта банка“ е под администрација на НБРМ, граѓаните што имаат сметки во банката ќе можат да располагаат со најмногу 10.000 денари неделно или 40.000 денари месечно. И оваа мерка се презема со цел заштита на имотот на банката и штедачите затоа што во претходните денови од банката биле повлечени околу 2 милиони евра.
„Поради наглото повлекување средства реагираше и ‘Виза’ центарот и вчера времено го суспендираше работењето со картички. Овој процес беше нормализиран денеска околу пладне “, изјави гувернерот Славески.
Во периодот на администрација на битолската банка корисниците на кредити треба да продолжат да ги извршуваат обврските кон банката, а фирмите ќе можат вообичаено да вршат плаќања во рамките на банкарските сметки.
Додека трае администрацијата од НБРМ врз „Алта банка“ од Битола ќе биде извршена и оптимизација на мрежата на филијали и експозитури.
На новинарско прашање колкава е изложеноста на банката од земјава кон банката во Србија, гувернерот рече дека се работи за „незначителен износ кој не влијае на ликвидноста на банката, околу еден милион евра“. Во последните денови, според Славески, приливи од Белград не биле забележани.
„Народна Банка на Република Северна Македонија како и досега, ќе продолжи да ја следи состојбата во Банката и ќе презема активности во рамки на своите законски надлежности“, рече гувернерот Славески.