text size
Отворениот задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ излезе од сопственичката структура на „Гранит“ откако на јавна аукција одржана минатата недела на Македонската берза беше продаден пакет од 236.120 акции од градежната компанија. Пакетот акции, што претставуваше 7,69 проценти од сопственоста на „Гранит“ се продаде по цена од 1.450 денари за акција односно за вкупна сума од 342 милиони денари (околу 5,5 милиони евра).