„Дојче банк“ (Deutsche Bank AG) отпушти десетици вработени и советници од својот оддел за инвестициско банкарство ширум светот поради стравувањата од склучување зделки во забавена економија, изјави извор запознаен со ситуацијата.
Компанијата во средата соопшти дека ги намалува работните места на сите нивоа, со фокус на пониските рангови, посочи изворот кој побара да остана анонимен. Додаде дека намалувањата се во согласност со напорите од претходните години за намалување на трошоците.
Меѓу заминувањата е и Мејсон Паркер, генерален директор на финансиските операции на банката, изјави друго лице запознаено со состојбите. Паркер е во банката повеќе од 20 години, според неговиот профил на LinkedIn.
Портпаролот на Deutsche Bank одби да коментира. Паркер исто така не сакаше да даде коментар.
Банките се погодени од падот на иницијални јавни понуди, спојувања и превземања, како и понуди на акции и обврзници. Пример од еден профитабилен дел на инвестициското банкарство: По бумот во 2021 година и во текот на првата половина од годинава, активноста за откуп со поддршка значително забави во третиот квартал, со само 12 милијарди долари од зделки објавени ширум светот, според податоците собрани од Bloomberg. Фирми меѓу кои и Apollo Global Management Inc. и Blackstone Inc., укажаа на построгoто финансискo oпкружувње.
New York Post претходно објави дека Deutsche Bank неделава отпуштила повеќе од 20 банкари и неколку повисоки службенци во Њујорк.
Во САД, повеќето големи банки ја зголемија својата работна сила во третиот квартал, дури и кога директорите во „Голдман сакс“ (Goldman Sachs Group) и „Морган Стенли“ (Morgan Stanley) зборуваа за кратења во услови на криза. Во Goldman, приходите од инвестициското банкарство паднаа за 57 отсто во однос на претходната година, додека Morgan Stanley објави пад од 55 отсто.
Њујоршки Goldman го продолжил процесот на „следење на најслабите реализатори“ во рамки на можноста за кратења, рече главниот извршен директор Дејвид Соломон, а Џејмс Горман од Morgan Stanley вели дека неговата фирма „го следни општото ниво на вработени“.