text size
Раст на добивката од 15 отсто на годишно ниво остварила во деветте месеци годинава најголемата домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“. Во истиот период приходите од продажба се зголемиле за 16 отсто , додека од јануари до септември реализирани се нови 161 вработување. Според кварталниот финансиски извештај Алкалоид има добивка во овој период од 1.140.263.568 денари (18,54 милиони евра).