text size
„Амазон“ (Amazon.com Inc) затвора осум локации што се со автоматска наплата (без касиери) на „Амазон гоу“ (Amazon Go) во Сиетл, Њујорк и Сан Франциско, што го означува најновиот круг на намалување на трошоците на гигантот за е-трговија во услови на забавување на растот на продажбата. Засегнатите продавници ќе останат отворени до 1 април, соопшти компанијата.