text size
Производителот на електрични возила „Тесла“ (Tesla) ги намали цените на своите седани „модел С“ (Model S) и теренците „модел Х“ (Model X) во САД, доцна во неделата, за пет односно десет илјади долари, затоа што компанијата се обидува да ја зголеми побарувачката во последниот месец од првиот квартал годинава.