text size
Прилепската компанија „Микросам“ произведува машини за изработка на композитни делови. Основана е во 1990 година во Прилеп, а има канцеларии во Скопје и во Франкфурт. Компанијата има 180 вработени, од кои речиси половината се инженери. Во 2022 година извозот бил 15.000.000 евра, а нето-добивката изнесувала 780.000 евра. Во интервју за „Блумберг Адрија“ главниот директор за приходи Веле Самак објаснува дека фактот што треба да бидат присутни во целиот свет значи дека се присутни во конкурентни зделки и дека се борат со светски конкуренти. И тој предизвик дека мора да се претстават и да бидат секогаш подобри и поевтини од западните конкуренти е еден од главните мотиви и клуч за развој на компанијата.