text size
По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои 12 на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав осигурување живот. Надзорнот одбор на Триглав осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за претседател на Управниот одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела.