text size
„Во мај имаме раст на индустриското производство од 6,1 отсто, но сепак бројките за првите пет месеци споредено со првите пет месеци од претходната година покажуваат раст од еден отсто, што значи дека само податоците од мај дадоа можност да бидеме во позитива“, вели во интервју за „Блумберг Адрија ТВ“ Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори.