text size
Комерцијална банка оствари добивка од 32,6 милиони евра во првото полугодие, покажуваат резултатите од неревидираниот финансиски извештај. Оваа добивка е за над 77 отсто повисока од остварената во првото полугодие лани, кога изнесуваше 18,3 милиони евра.