text size
„Фолксваген“ (Volkswagen AG) отпушта привремени работници во својата главна фабрика за електрични возила во Германија поради намалените нарачки за своите електрични возила во Европа. Производителот планира да отпушти речиси 300 луѓе во фабриката во Цвикау кога нивните договори ќе истечат во октомври, наведуваат за „Блумберг“ извори запознаени со состојбата. Судбината на околу 2.000 работници, дополнителен привремен персонал, останува неизвесна, наведуваат изворите, кои одбија да бидат именувани бидејќи сè уште не е донесена конечна одлука.