text size
Извршниот директор на „Фолксваген“ (Volkswagen AG), Оливер Блуме, изјави дека приближно половина од дополнителните намалувања на бројот на вработени ќе мора да се реализираат во Германија, со што дополнително се заострува конфликтот околу реструктурирањето на компанијата и односите со работниците.
Обраќајќи им се на илјадници вработени во главната фабрика на „Фолксвафен“ во Волфсбург, Блуме рече дека мерките се неопходни бидејќи фиксните трошоци на автомобилскиот гигант се околу 30 отсто повисоки од оние на конкурентите. Тој истакна и дека често споменуваната бројка од дополнителни 50.000 укинати работни места низ светот претставува теоретска пресметка, а не фиксна цел.
„Планoт за иднината е најголемата програма за трансформација во историјата на нашата компанија. Сега мора да учествуваат сите“, порача Блуме.
Прочитај повеќе
„Фолксваген“ мора брзо да се менува, порача сопственикот на „Порше“
Мнозинскиот сопственик на „Фолксваген“ ја повика најголемата европска автомобилска компанија побрзо да преземе мерки за намалување на трошоците и на вишокот производствени капацитети со цел повторно да стане конкурентна.
07.08.2026
„Фолксваген“ влегува во нов квартал со пад на продажбата, Кина е кочницата
Новите електрични модели треба да му помогнат на „Фолксваген“ да ја подобри добивката до крајот на годината, и покрај тоа што компанијата се бори со слабата побарувачка во Кина и високите трошоци.
24.07.2026
Вработените во „Фолксваген“ најавија жесток отпор против отказите и затворањето фабрики
Синдикатите го обвинија менаџментот за кризата и побараа да се откаже од најавените кратења.
10.07.2026
„Фолксваген“ под притисок: директорот бара големи кратења на трошоците
Оливер Блум од „Фолксваген“ (Volkswagen AG) помина речиси четири години барајќи заштеди кај најголемиот европски производител на автомобили. Во четврток, извршниот директор ќе се обиде да ги убеди неговите спротивставени фракции дека е потребно многу повеќе.
08.07.2026
Од страна на работниците, сепак, отпорот останува силен. Шефицата на работничкиот совет, Даниела Кавало, во одделна изјава во вторникот рече дека довербата во раководството, а особено во извршниот директор, „е нарушена - не непоправливо, но е нарушена“. На собирот во Волфсбург присуствувале повеќе од 10.000 работници.
Тензиите беа високи и пред состанокот. Шефицата на синдикатот „ИГ Метал“ (IG Metall), Кристијане Бенер, целта на Блуме за намалување на трошоците и зголемување на профитната маржа на 9 отсто ја оцени како нереална. Локален синдикален лидер во понеделникот предупреди дека работниците се подготвени да размислуваат и за штрајкови доколку Блуме не отстапи од своите планови.
Придушена профитабилност на „Фолксваген“
Оперативната маржа на производителот на автомобили изнесуваше 4,2 отсто во вториот квартал
Bloomberg
Педесет и осумгодишниот менаџер, сепак, го постави реструктурирањето како клучен тест на својот мандат. Неговата цел е да ги намали трошоците и да го преобликува „Фолксваген“ за автомобилската индустрија, која брзо се менува под влијание на електричната мобилност, софтверот и агресивната конкуренција од Кина.
Специфичниот модел на управување во „Фолксваген“ значи дека Блуме не може едноставно да нареди кратења. За да ги спроведе плановите, тој мора да ги убеди моќните претставници на работниците, како и покраината Долна Саксонија, која има право на вето при одредени крупни одлуки.
„Има многу противници, многу актери со право на вето и малку поддршка“, вели Волфганг Шредер, професор по политички науки на Универзитетот во Касел, кој ги проучува германските работнички односи и „Фолксваген“.
Притисок доаѓа и од врвот. „Порше“ (Porsche SE), холдинг-компанијата на семејство Порше-Пиех, кое го контролира „Фолксваген“, го повика раководството да дејствува побрзо, предупредувајќи дека „Фолксваген“ се наоѓа на „историски крстопат“. Семејството има и сопствен интерес да се забрза процесот, бидејќи падот на профитот во „Фолксваген“ и производителот на спортски автомобили „Порше“ (Porsche AG) ги намалува дивидендите на кои долго време се потпира.
Финансиските резултати на „Фолксваген“ се погодени од падот на продажбата во Кина, високите трошоци во Германија и недоволно искористените фабрички капацитети. Компанијата поради тоа има околу 30 отсто повисоки трошоци во споредба со дел од конкурентите и треба да отстрани најмалку 10 милијарди евра режиски трошоци.
Раководството работи и на планови за дополнително намалување на европскиот производствен капацитет за околу 500.000 возила годишно, намалување на бројот на раководни позиции, како и скратување на понудата на модели и варијанти на опрема.
„Фолксваген“ веќе има договорено десетици илјади укинувања на работни места, но раководството сега предупредува дека тоа не е доволно. Претставниците на работниците, пак, сметаат дека вработените се принудени да ја плаќаат цената за долгогодишните стратешки грешки поврзани со софтверот, електричните автомобили и кинескиот пазар.
Во текот на следните денови Блуме и другите членови на раководството ќе ги посетуваат германските фабрики за директно да им ги претстават плановите на работниците. Серијата состаноци започна во Волфсбург на 25 август, а до крајот на месецот се планирани девет собири на различни локации.
Работничките претставници предупредуваат дека ризикот може да опфати дури 140.000 работни места. Во оваа процена се вклучени околу 50.000 веќе договорени намалувања во Германија, дополнителни 50.000 позиции што раководството ги смета за можни на глобално ниво и околу 40.000 работни места во четири германски фабрики чија долгорочна иднина е неизвесна.