Четири понудувачи влегоа во потесен избор на тендерот за консултант на проектот за модернизација и проширување на системот за управување со отпад во Македонија, соопшти Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР).
„Три конзорциуми влегоа во потесниот избор – еден е сочинет од грчката „Енвироплан“ (Enviroplan) и германската ИЦП (ICP Ingenieurgesellschaft Prof. Czurda & Partner mbH), друг е литванскиот „Јостра-Акт“ и третиот го сочинуваат македонската „ВЕВЕ Груп“, британската „Корпорејт Солушнс“ (Corporate Solutions) и холандската „ВНГ Интереншенл“ (VNG International)“, соопшти ЕБОР.
Четвртиот понудувач којшто влезе во потесниот избор е француската компанија „Сеурека Енова“ (Seureca Enova).
Тендерот е за консултантски услуги e за проектoт за модернизација и проширување на основната инфраструктура за управување со цврст отпад во пет региони во вредност од 72 милиони евра. ЕБОР за овој проект одобри заем од 55 милиони евра.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...