text size
Градскиот совет на Даблин набави 22 возила од велешката фабрика „БРАКО“, кои ќе го чистат главниот град на Ирска. Од вкупниот број возила, 16 се на класичен погон и 6 возила се на електричен погон, а градот се одлучи за моделот „400 ZE“, машина со рачно управување, кој е еден од најпродаваните модели.