text size
„Комерцијална банка“ информира дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот „Еуроникел“, кои сега се во сопственост на банката. Сепак, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.