text size
„А1 Дигитал“, член на „А1 Групацијата“ влезе во ново партнерство со „СентинелУан“ (SentinelOne), глобален лидер во доменот на сајбер безбедност. Оттаму информираат дека со ова партнерство, сите деловни сегменти и во Македонија, од мали и средни претпријатија до големи корпорации и државни организации, ќе имаат можност да користат управувана напредна интернет заштита на крајните точки која што е базирана на вештачка интелигенција.