text size
Во врска со постапката за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од „Макпетрол“ АД Скопје, „Оилко“ денес информира дека прагот на успешност е постигнат и дека постапката за преземање продолжува согласно законските прописи и рокови. Информацијата доаѓа откако „Оилко“ направи две измени на понудата за преземање на „Макпетрол“ со кои се пролонгира рокот за прифаќање на понудата и се намалува количеството акции што треба да се откупат за понудата да се смета за успешна.