Ново издание на „АИ Тек самит (AI Tech Summit) повторно ќе се одржи во Скопје, најавуваат организаторите. Самитот кој го обединува глобалниот технолошки свет се враќа во Македонија на 3 и 4 октомври годинава.
„По успешното издание во Малага, „АИ Тек самит“ во Скопје ќе ги обедини водечките умови во вештачката интелигенција на светските гиганти“, велат за „Блумберг Адрија“ од организацијата. Во Скопје доаѓаат претставници на „Гугл“ (Google), „Мајкрософт“ (Microsoft), „Амазон“ (Amazon), „УБС“ (UBS), „Енвидија“ (NVIDIA), „Нетфликс“ (Netflix), „Ериксон“ (Ericson) и други.
„Присутните на самитот ќе можат да се запознаат со најновите достигнувања во технологијата вештачката интелигенција и нејзина апликативна примена во различни индустрии и сектори како ИТ, финансии, дизајн, производство, здравство, забава“, велат тие.
Инаку „АИ тек самит“ (AI Tech Summit) е најголемиот технолошки настан на тема вештачка интелигенција во југоисточна Европа и служи како вонренда или корисна платформа за интерактивно вмрежување, можност за соработка и регионално поврзување во екосистемот за вештачка интелигенција.
Настанот е организиран од страна на чешката компанија „ТБМ Груп“ (TBM Group) во соработка со М6 Едукативниот центар.
Регистрациите се веќе отворени.