text size
Домашната „Комерцијална банка“ ја зголеми добивката во првото полугодие годинава за 42 отсто. Во периодот од јануари до јуни банката остварила профит од 2.844,6 милиони денари (46,2 милиони евра) наспроти 2.003,3 милиони денари (32,6 милиони евра) во истиот период лани. Од „Комерцијална банка“ соопштија дека „остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 46 отсто поголема во однос на истиот период минатата година“.