Првата и единствена македонска стриминг платформа „Глеј“ (GLEY) се подготвува да излезе на берза. Акционерското друштво „СВОД МАСТЕР“, коe управува со стриминг платформата, на Собранието на 22 јануари 2025 година, донело одлука да емитува иницијална јавна понуда на акции (IPO) преку Македонска берза.
„Ова ќе биде и првата IPO на домашната берза од компанија, која преку постојано унапредување и развој на дигиталните услуги, ја задржува својата висока конкурентност на пазар кој глобално бележи раст“, велат од компанијата.
Оттаму додаваат дека растот на стриминг платформите во светот е рапиден, како и нивниот развој со нови решенија со што постојано привлекуваат нови инвестиции. Излегувањето на „Глеј“ на берзата претставува можност за поддршка на првата и единствена македонска платформа која постојано иновира и покажува растечки потенцијал. Процесот за подготовка на друштвото за котирање на берзата почнал во текот на 2024 година со трансформација на „СВОД МАСТЕР ДОО “ во акционерско друштво.
Прочитај повеќе
Потенцијал за ИПО во регионот Адрија: Многу соништа, малку акции
Вкупната вредност на европските иницијални јавни понуди во првата половина од годината е четири пати поголема отколку во истиот период лани.
16.10.2024
„Дајнерс клуб Македонија“ планира јавна понуда на акции и котација на берзата
Процесот на подготовка е во тек, потврди Божидар Јанковски, извршен директор на компанијата.
14.10.2024
„Во изминатите, речиси повеќе од три години, преку континуиран раст успеавме да влеземе во повеќе од 80.000 домови, ја обединивме речиси цела македонска филмска и сериска програмска понуда, понудивме многу детски наслови синхронизирани на мајчин јазик и воспоставивме широка покриеност на уреди преку кои може да се пристапи до програмскиот каталог на ‚Глеј‘, кој брои над 2.600 часови програма“, вели Дарко Перушески, извршен директор на „СВОД МАСТЕР АД“.
При крајот на минатата година, покрај претплатата, „Глеј“ воведе и пакети со реклами кои носат уште една можност за приход.
„Имаме одлична соработка со двата големи телекомуникациски оператори како дистрибутивни и продажни канали. Спремни сме за новата фаза, инвестиција во наши оригинали, програми кои ексклузивно ќе бидат достапни кај нас и зајакната набавка на детска и друга странска програма како основа за рапиден раст на претплатниците и приходите. Во потрага за финансиски средства за овој исчекор, повторно следејќи ги светските трендови, се одлучивме за уште еден пионерски чекор – емисија на нови акции, односно докапитализација на берза, нудејќи профитабилни проекти и дополнителна вредност за идните акционери, со стабилна основа за долгогодишен успех“, вели Перушески.
Тој посочува дека со тоа ќе се зацврсти и лидерската позиција на „Глеј“во зачувување на македонската култура и јазик во дигиталниот свет.
Од компанијата информираат дека севкупниот развој и инвестиции во технологијата, придонел бројот на корисници на „Глеј“во 2024 да се зголеми за над 30 проценти во однос на 2023 година, додека во истиот период растот на приходите од претплата изнесува над 20 проценти. Просечно до сервисот пристапуваат над 20.000 корисници месечно, а само лани сервисот го користеле над 70.000 корисници.
Компанијата очекува приходите да продолжат да растат и во 2025 година, благодарение на новите кориснички пакети, маркетинг понудата до огласувачите и развојот на проекти со партнерските телекомуникациски оператори.