text size
Технолошкиот гигант САП (SAP) денес стана највредната компанија во Европа. Германската компанија ја помести данската фармацевтска компанија „Ново Нордиск“ од првото место. По денешниот раст на акциите на САП, вредноста на компанијата достигна 311 милијарди евра. Акцијата порасна нешто под еден процент. Од друга страна, акциите на „Ново Нордиск“ паднаа за повеќе од два отсто, со што пазарната капитализација на данската компанија достигна 309 милијарди евра. Заслугите не се само за САП.