text size
Цената на струјата во овој момент треба да е прв приоритет на кој што Владата ќе се посвети, велат од Стопанската комора на Македонија (СКМ). Доколку државата итно не интервенира, многу од компаниите нема да можат да го издржат притисокот од високите цени на струјата и ќе бидат принудени да го намалат обемот на работа, а со тоа и да отпуштат работници, или во најлош случај дури и целосно да ги затворат своите бизниси.