„Опен еј-ај“ (OpenAI) веќе докажа дека знае да најде одлични партнери меѓу другите технолошки компании за да ги пласира производите поврзани со вештачката интелигенција. Меѓутоа, неговата моќ да ги поттикнува цените на акциите брзо се шири и на компании за чие партнерство се зборува само споредно.
Компанијата што стои зад популарниот ЧетГПТ (ChatGPT) во понеделникот го одржа својот годишен настан за програмери, на кој додели награди и на тој начин ја зголеми цената на акциите на некои компании. Меѓу значајните добитници се „Фигма“ (Figma Inc), чии акции пораснаа за 7,4 проценти, „Хабспот“ (HubSpot Inc.), кој додаде 2,6 проценти, и „Сејлсфорс“ (Salesforce Inc.) 2,3 проценти.
Онлајн туристичките компании исто така накратко забележаа раст - „Експидија“ (Expedia Group, Inc.) и „Трипадвајзор“ (TripAdvisor Inc.) скокнаа најмалку седум проценти пред да изгубат дел од добивките. Дури и акциите на производителот на играчки „Мател“ (Mattel Inc.) пораснаа речиси шест проценти, иако на крајот на денот затворија речиси непроменето.
Прочитај повеќе

„Опен еј-ај“ и АМД потпишаа договор вреден милијарди
Договорот, според процените на производителот на чипови, би можел да генерира десетина милијарди долари нови приходи.
пред 23 часа

„Опен-еј-ај“ вреди 500 милијарди долари и ја надмина компанијата на Илон Маск
„Опен-еј-ај“ постигна договор за помош на вработените да продаваат акции од компанијата која е проценета на 500 милијарди долари, со што сопственикот на Чат ГПТ ја надмина „Спејс Икс“ на Илон Маск и стана најголемиот стартап во светот.
02.10.2025

„Енвидија“ и „Опен еј-ај“ со договор од 100 милијарди долари за изградба на дата-центри
Рекорден договор вреден 100 милијарди долари: „Енвидија“ вложува во „Опен еј-ај“ за нови дата-центри и инфраструктура што ќе ја обликува иднината на ВИ.
23.09.2025

„Опен еј-ај“ отвора нова ера на вештачка интелигенција во програмирањето
Новиот систем ГПТ 5 (GPT-5) е побрз, попрецизен и помалку склон кон измислување информации од своите претходници.
08.08.2025
Повеќето од овие компании беа спомнати како партнери чии апликации се интегрираат во ЧетГПТ, алатка за вештачка интелигенција (ВИ) што има околу 800 милиони корисници неделно. Иако тие интеграции не достигнуваат ниво на договорот што беше објавен во понеделникот помеѓу АМД (Advanced Micro Devices, Inc.) и „Опен еј-ај“ (OpenAI), тој договор им покажа на малопродажните инвеститори и трговците колку таков потег може да биде влијателен: акциите на АМД скокнаа за 24 проценти, зголемувајќи ја пазарната вредност за 63 милијарди долари.
„Ова е пазар на бум, каде што сè што е поврзано со ’Опен еј-ај‘ ја поттикнува цената на акциите, а инвеститорите го занемаруваат фундаменталниот показател“, вели Џо Салузи, партнер во ТТ (Themis Trading). Други беа пооптимистични за импликациите од настанот. Анураг Рана од „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence) напиша дека настанот „истакнал нови потенцијални можности за користење и дури им помогнал на овие софтверски компании да привлечат нови корисници“ и дека проширените партнерства помеѓу „Опен еј-ај“ и други компании би можеле да ги смират „стравовите од големо нарушување во софтверската индустрија“.
Движењата во понеделникот потсетуваа на оние што беа видени кај акциите на компаниите што извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia Corp.), Џенсен Хуанг, ги спомена на конференција минатата година. Акциите на производителите на софтвер за инженеринг „Синопсис“ (Synopsys Inc.), КДС (Cadence Design Systems Inc.) и „Ансис“ (Ansys Inc.) пораснаа по изјавата на Хуанг дека тие компании ќе ги користат новите блеквел-процесори за да им додадат повеќе функционалности за вештачка интелигенција на своите производи.
„Опен еј-ај“ неодамна го комплетира договорот што им овозможува на вработените да продаваат акции, што доведе до процена на вредноста на компанијата од 500 милијарди долари, со што стана најголемиот стартап во светот. Таа процена, заедно со опсегот на потези поврзани со ВИ, доведе до зголемена загриженост дека растот и движењето на цените на акциите не се одржливи. Говорот за ВИ-балон станува сè погласен во последните месеци, а некои инвеститори го споредуваат овој тип на трговија со еуфоријата за време на периодот на дотком-балонот.
„Очигледно не знаеме какви се приходите поврзани со што било што ’Опен еј-ај‘ споменува, но иако ваквите потези можат да предизвикаат загриженост, многу пари се заработуваат и трошат на ВИ“, вели Салузи. „Не зборуваме за ’Петс.ком‘ (Pets.com). Сите разбираат дека сме во фаза на балон. Проблемот е што никој не знае дали сме на почетокот или на крајот.“
Сам Алтман, извршен директор на „Опен еј-ај“, на прес-конференција беше прашан за влијанието на компанијата врз движењето на другите акции. „Се случува нешто ново, се обидуваме да разбереме како да се приспособиме на ваков свет, но чудно е“, додаде тој.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...