text size
„Макпетрол“ се најде на првото место на листата компании од Македонската берза рангирани по остварената добивка по акција во првата половина од годинава со заработка по акција од 4.371 денар. Нашата анализа на полугодишните берзански податоци донесе и своевидни изненадувања со оглед на тоа што на второто и на третото место на оваа листа се најдоа „БИМ Свети Николе“ и „Нова стоковна куќа Струмица“ со остварена добивка по акција од 2.802 односно 2.369 денари во периодот јануари-јуни 2022 година.