Скопската компанија „Сервис Петрол“ има намера да објави понуда за преземање на „Фабрика Карпош“ по цена од 350 денари за акција. Овој чекор доаѓа откако „Сервис Петрол“ во блок трансакција вредна 62,7 милиони денари (околу милион евра) неодамна купи 224.000 обични акции кои „Градежен институт Македонија“ ги поседуваше во „Фабрика Карпош“. Станува збор 74,89 проценти од вкупниот број на акции на друштвото.
Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, во „Фабрика Карпош“ има вкупно 138 акционери. Од нив, седум акционери се правни лица (шест домашни и едно странско), како и 131 физичко лице, од кои 20 се странски.
„Сервис Петрол“ соопшти дека понудата за преземање ќе биде објавена по добивање дозвола од Комисијата за хартии од вредност.
Прочитај повеќе
Во регионот врие од преземања и спојувања: Македонија на дното
Од над 100 најавени или завршени трансакции поврзани со преземања и спојувања (M&A) на компании на пазарите на капитал во земјите од регионот Адрија во текот на 2025 година, само пет се од Македонија, според податоците на терминалот на „Блумберг“.
27.10.2025