„Парамаунт Скајденс Корп.“ ја засили својата непријателска понуда за „Ворнер Брос. Дискавери Инк.“ во обид да ги привлече акционерите да ја поддржат односно да се откажат од конкурентската понуда од „Нетфликс Инк.“.
„Парамаунт“ во соопштението во вторникот соопшти дека ќе плати надомест за раскинување од 2,8 милијарди долари што „Ворнер Брос.“ ќе мора да му го плати на „Нетфликс“ за веќе затворениот договорен со стриминг гигантот. Исто така, ќе плати 1,5 милијарди долари надоместоци поврзани со рефинансирање на долгот на „Ворнер Брос“.
За да ја нагласи довербата на „Парамаунт“ дека ќе добие брзо регулаторно одобрение за својата понуда, компанијата изјави дека ќе плати „тековен надомест“ на акционерите на „Ворнер Брос.“ од 25 центи по акција за секој квартал во кој трансакцијата не е затворена по 31 декември.
Прочитај повеќе
„Нетфликс“ понуди исплата во кеш, се вжештува борбата за „Ворнер Брос“
„Нетфликс“ со нов примамлив предлог во медиумската битка на годината! Ќе успее ли „Парамаунт“ да се врати во играта за иднината на Холивуд?
20.01.2026
„Нетфликс“ размислува целосно во кеш да го купи „Ворнер Брос“
„Нетфликс“ обезбеди милијарди долари финансирање и размислува понудата за „Ворнер Брос“ да ја претвори во целосно кеш-зделка.
14.01.2026
„Ворнер брос“ планира да ја одбие понудата на „Парамаунт“ следната недела
И по изменетите услови и гаранцијата од Лери Елисон, „Ворнер брос“ останува резервиран кон понудата на „Парамаунт“, оценувајќи ја како помалку поволна од онаа на „Нетфликс“.
31.12.2025
„Нетфликс“ рефинансираше дел од кредитот на понудата за „Ворнер Брос“
„Нетфликс“ рефинансираше дел од кредитот од 59 милијарди долари за да го поддржи потенцијалното преземање на „Ворнер Брос дискавери“.
22.12.2025
Зетот на Трамп се повлекува и од битката за преземање на „Ворнер Брос“
Фирмата на Џаред Кушнер се повлекува од понудата на „Парамаунт“, а упатени извори веќе тврдат дека „Ворнер Брос“ ќе ги повика акционерите целосно да ја одбијат оваа понуда и да ја прифатат онаа што првично ја даде „Нетфликс“...
17.12.2025
Се вжештува битката за „Ворнер Брос“, стигна понуда за купување поддржана од зетот на Трамп
Семејството на милијардерот Лари Елисон и зетот на Трамп стојат зад агресивната контрапонуда што ја направи „Парамаунт“. Но дали „Нетфликс“ е подготвен лесно да се предаде?
09.12.2025
Трамп предупреди дека договорот меѓу „Нетфликс“ и „Ворнер“ може да биде антимонополски проблем
Трамп предупредува на можни антимонополски пречки за реализација на спојувањето меѓу „Нетфликс“ и „Ворнер брос“ и најави дека лично ќе се ангажира за случајот.
08.12.2025
Како договорот меѓу „Нетфликс“ и „Ворнер брос“ го менува Холивуд
Една од главните области од интерес е иднината на кината, со оглед на тоа што тие не се главен механизам за дистрибуција на „Нетфликс“.
06.12.2025
„Парамаунт“ агресивно го бара „Ворнер Брос.“ со месеци. Филмската и ТВ компанијата, предводена од Дејвид Елисон, беше изненадена кога одборот на „Ворнер Брос.“ се согласи да ги продаде своите студија и стриминг услугата „Ејч-би-о Макс“ (HBO Max) на „Нетфликс“ за 27,75 долари по акција, или 82,7 милијарди долари.
„Парамаунт“ соопшти дека го исполнил второто барање за информации од Министерството за правда во врска со неговата понуда, пресвртница што предизвикува период од 10 дена за регулаторите да одговорат.
Демонстрирањето дека има предност кај регулаторите е клучен дел од стратегијата на „Парамаунт“ за спречување на планираното преземање на студијата и стриминг бизнисите на „Ворнер Брос“ од страна на „Нетфликс“. Доколку „Парамаунт“ може да го помине тој период на чекање, би можел да го искористи тоа како знак за одобрување од владата и да се обиде да ги убеди акционерите на „Ворнер Брос“ да гласаат против трансакцијата со „Нетфликс“.