Алармантен е одливот на високообразован кадар од Македонија, владините политики се без ефекти, костатираше Државниот завод за ревизија (ДЗР). Со одливот на високообразован кадар се губи 8,34 отсто од БДП или 512 милиони евра, вели Максим Ацевски, директор на Државниот завод за ревизија во интервју за „Блумберг Адрија ТВ“.
„Ако на сето ова се додаде и трошокот за основното образвование може да кажеме дека веќе се движиме до границата од една милијарда евра којшто ја чини државата одливот на вискообразовани кадри“.
Дополнително, додава Ацевски, според информациите што ги има меѓународната организација за миграција, Македонија е меѓу 20 земји во светот коишто имаат висока миграција. Според извештајот на Светска Банка 40 отсто од високообразованите кадри годишно ја напуштаат државата, а според индексот за одлив на мозоци Македонија е меѓу првите пет држави на листата од 41 земја во рамките на Европа.
Максим Ацевски (ТВ гостување)
Bloomberg Adria
„Тоа укажува дека надлежните органи не преземаат доволна активност и мерки со кои ќе успеат да ја превенираат миграцијата. Миграцијата не е проблем само на Македонија. Тоа е светски проблем и не треба да гаиме илузија дека како држава ќе ја запреме, меѓутоа треба да се преземат мерки за да се намали“, вели Ацевски.
ДЗР ангажираше домашен експерт којшто направи истражување во делот на одливот на високообразованите кадри, чија бројка годишно изнесува одколу 2.500.
Потребно е генерирање на мерки и активности кои младите ќе ги задржат во Македонија.
„Треба да се инволвираат сите засегнати страни, не само владата и ресроното министерство, туку и самите универзитети и факултетите, а тука секако влегуваат и приватните факултети“.
Ацевски вели дека кога зборуваме за задржување на младите кадри мора да ги имаме предвид и условите што ги имаат на факултетите, условите за нивната истражувачка работа и секако за вреднување во нивната земјата.
„Последиците ќе бидат многу поголеми и по БДП и по квалитетот на услугите коишто се испорачуваат на граѓаните, ако не се преземат мерки кои ќе дадат ефекти на долг рок“, смета Ацевски.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...