text size
Граѓанските или таканаречените народни обврзници и државни записи што беа издадени во текот на минатата година на пазарите на капитал привлекоа и доста неискусни мали инвеститори, но тоа не се одрази на прометот на регионалните берзи. Љубљанската и Белградската берза лани имале за 100 милиони евра односно за 145,9 милиони евра помалку промет од претходната година. Причина за намалениот промет, според експертите, е тоа што немало вонредни настани како војни или пандемии.