text size
Војната е добра за бизнисот! Ова е 34-то правило од 285 напишани од едни специјални суштества - Ференги од научнофантастичната серија „Ѕвездени патеки“. Тие се деловно ориентирани и нивната главна цел е да остварат профит. Следното правило вели дека и мирот е добар за бизнисот. Иако станува збор за измислени суштества, далеку од тоа дека нивната порака е имагинарна.