Поттикна лавина акции во целото македонско општество, а кампањата, која во земјата се организира под водство на нафтената компанија „Макпетрол“ и директорката за човечки ресурси Марија Јосифовска Спасовска, како ниедна досега ги мобилизира институциите - молкот да стане гласен збор кога е во прашање врсничкото насилство.
Станува збор за кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“, која произлезе со цел да поттикне промени во начинот на кој се сфаќа врсничкото насилство, но и кои чекори треба да се преземат за таквото однесување да биде препознаено и спречено. Во текот на 2023 година овој глас допре до илјадници ученици во 40 основни училишта, во кои се реализираа работилници, предводени од психолог и стручните служби на училиштата. Децата учеа за врсничкото насилство како да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи и гласно да зборуваат за тоа.
Таму каде што потфрлија институциите, своето го одработе токму оваа кампања. Секој што имал некакво искуство со врсничко насилство, има простор анонимно да ја сподели личната приказна на веб-страницата kreniglas.mk.