text size
Хрватските генијални умови Мислав Предавец, Иван Ивец и Никола Пољак се најдоа на листата на „Супер сколар“ за триесет најинтелигентни луѓе во светот, која ја предводи реномираниот британски теоретски физичар Стивен Хокинг. Нивните коефициенти на интелигенција (IQ) изгледаат застрашувачки високи, од 170 до 190, но тие не се ексцентрици. Напротив, тие живеат многу ненаметливо, работат во образовни институции, а своето знаење и посебни вештини помалку ги претворија во бизнис, а повеќе во креативни проекти.