text size
Додека стои на величествената фарма за лосос во близина на уникатниот екосистем Еверглејдс на Флорида, на Демиен Клер не му пречи тоа што над главата му капе вода од цевководите и вентилациските цевки и му ја кваси работната кошула и разбушавената кафеава коса. Овој 47-годишен шеф за маркетинг на компанијата за планско производство и одгледување риби „Атлантик сафир“ (Atlantic Sapphire ASA), внимателно го набљудува резервоарот од околу 17.000 хектолитри (450.000 галони), во кој пливаат околу 30.000 возрасни примероци лосос. Кога еден од нив, тежок околу четири и пол килограми, ќе скокне од водата, Клер извикува: „Еве, те поздравува!“