text size
Историјата не се случува насекаде во исто време. За некои макрорегиони, процесот на формирање национални држави, па дури и пазари, веќе бил завршен во 19 век. По неколку века големи војни - од Наполеон до Хитлер, тие земји успеаја да научат одредени лекции, кои можат да ги научат само од суровите и отрезнувачки процеси на историјата.