text size
Во ера на разновидни и многубројни медиуми, се чини дека поткастот релативно брзо се издигна меѓу мноштвото и го најде своето место. Знаеме дека љубителите на поткасти веднаш ќе забележат на тоа „брзо“, со оглед на фактот дека поткастот како формат за трансмисија на размислувања и информации постои веќе цели 20 години. Сепак, поаѓаме од тоа дека поткастите ја добиваат својата заслужена слава во последната деценија, па оттука и споменатиот брз раст на популарноста. Во прилог на ова говори фактот дека во последните шест години речиси двојно се зголеми бројот на слушатели/гледачи на поткасти. Според официјалните податоци на „Статиста“ (Statista), во 2019 година на глобално ниво поткастите имале 275 милиони слушатели, додека лани бројката достигна 505 милиони.