Шокот од одлуката на ОПЕК+ ги оживува нафтените бикови
Ненадејното намалување на производството на нафта од страна на Организацијата на земји извознички на нафта и нивните сојузници (ОПЕК+) испрати шокантни бранови на финансиските пазари и ги зголеми цените на суровата нафта најмногу во една година.
Сега, кога почна да се спушта прашината, се наметнува прашањето дали тој раст на цените ќе се задржи или ќе избледи.
Патики чинат цело богатство иако статистички обувките поскапеле 1 отсто
Менаџерите на фабриките за обувки со кои разговаравме велат дека низата на кризи неизбежно се одрази и на нивното работење и тоа е повеќе од видливо. Инпутите во производството се поскапени, а тоа се одразува и на крајната цена на производите.
Поскапувањето на малопродажните цени е видливо и кај увозните брендови, а тоа го потврдуваат и статистичките податоци за Европа и САД, според кои обувките на годишно ниво во просек се поскапени меѓу 4,6 и 5,9 проценти.
Луксузот кај нас е ништо за развиените држави: Што купуваме за 700 евра?
Што е потребно за едно четиричлено семејство да го помине месецот? Колку пари чини покривањето на тие основни трошоци на домаќинствата? Единствена институција во земјава што прави такви пресметки е Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Тие секој месец објавуваат колку пари треба да се издвојат за задоволување на минималните потреби во таканаречената синдикална кошничка.
Од ССМ се согласуваат дека елементите на кошничката не ги одразуваат реалните потреби, особено во делот на храната. Елементите ги презеле од Државниот завод за статистика, кој ваквите податоци престана да ги објавува во 2010 година. Но синдикалците се свесни дека многу скоро овие елементи ќе треба да се дополнат.
Промоција на АДА - првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор
Првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција во јавниот сектор - АДА денеска ќе биде промовиран во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да ги добијат сите релевантни информации и да се запознаат со достапните програми и отворени повици, а гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање податоци за бизнисот во реално време.
„Со АДА ќе се автоматизираат над 80 отсто од интеракциите со корисниците, што ќе придонесе до голема заштеда на ресурси, транспарентна комуникација со граѓаните, намалување на метежот во институциите, како и поефикасни и поефективни процеси, услуги и зголемување на продуктивноста на вработените“, најави претходно вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Токму тој ќе биде еден од официјалните претставници што ќе се обратат на денешната промоција, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили.
„Тесла“ гради фабрика за батерии во Шангај
Компанијата „Тесла“, чиј основач е милијардерот Илон Маск, ќе гради нова фабрика за производство на батерии во Шангај, објави кинеската новинска агенција „Ксинхуа“. Работите за изградбата на новата фабрика ќе започнат во третиот квартал од годинава, а се очекува изградбата да биде завршена до средината на 2024-та.
Според кинеската агенција, производствениот капацитет првично ќе биде 10.000 единици „мегапак“ (Megapack) батерии годишно, што е еквивалентно на 40 гигават-часа, а производите ќе се продаваат низ светот.