Има 27,5 проценти шанси да се случи пандемија смртоносна како ковид-19 во следната деценија бидејќи вирусите се појавуваат почесто. Брзото пуштање вакцини е клучот за намалување на смртните случаи.
Климатските промени, растот на меѓународните патувања, зголемувањето на населението и заканата од зоонозни болести придонесуваат за ризикот, според лондонската „Еирфинити Лтд“ (Airfinity Ltd). Но, ако ефективни вакцини се пуштат во употреба 100 дена по откривањето на нов патоген, веројатноста за смртоносна пандемија паѓа на 8,1 проценти, според моделирањето на фирмата.
Во најлошото сценарио, вирус од типот на птичји грип кој мутира за да овозможи пренос од човек на човек може да убие дури 15.000 луѓе во Обединетото Кралство за еден ден, соопшти компанијата.
Прочитај повеќе
Пандемијата на Ковид-19 е од лабораторија, според „Волстрит журнал“
Основа на заклучокот се нови разузнавачки информации
26.02.2023
И Португалија бара тестирање за патниците од Кина
Барањата за тестирање стапуваат на сила од утре
07.01.2023
Моќна е како чудовиштето: Сите детали за новата ковид-варијанта кракен
XББ.1.5 е „најпреносливата подваријанта што е откриена досега“
05.01.2023
Анализа: Во Кина милиони луѓе се заразени со ковид, дневно умираат по пет илјади
Тековниот пораст би можел да ја покачи дневната стапка на случаи на 3,7 милиони во јануари.
22.12.2022
Со оглед на тоа што светот сега живее со ковид-19, здравствените експерти го насочуваат своето внимание кон подготовката за следната потенцијална глобална закана. Во изминатите две децении веќе се појавија три големи коронавируси кои предизвикуваат САРС, МЕРС и ковид-19, како и пандемијата на свински грип во 2009 година.
Брзото ширење на сојот на птичји грип Х5Н1 веќе предизвикува загриженост. Иако досега само мал број на луѓе се заразени и нема знаци дека прескокнал на пренос од човек на човек, вртоглавото зголемување на стапката кај птиците и зголемените упади кај цицачите доведоа до загриженост меѓу научниците и владите дека вирусот може да мутира на начини што би можеле да го олеснат ширењето.
Многу високоризични патогени како МЕРС и Зика немаат одобрени вакцини или третмани, а постојните политики за надзор веројатно нема навремено да откријат нова пандемија, што ја нагласува итната потреба од мерки за подготвеност за пандемијата, сметаат во „Еирфинити“.