Состанокот на министрите за енергетика на Г20 во Индија заврши без договор за етапното укинување на фосилните горива. И покрај бавниот напредок во климатската дипломатија, министрите не успеаја да се договорат за можен план за климатските промени пред клучните состаноци закажани за оваа година. Додека некои земји се согласија за потребата од постепено укинување на употребата на нафта и гас, други земји предложија намалувањето на емисиите да се реши со технологии за отстранување на јаглеродот.
„Неколку земји од Блискиот Исток сметаа дека загриженоста за емисиите на јаглерод може да се реши со технологии“, изјави за новинарите Раџ Кумар Синг, министер за енергија на Индија. Вчерашниот состанок во Гоа беше наменет да се постават темелите на енергетската транзиција и истите тие да бидат предложени пред состанокот на лидерите на Г20 во септември и форумот КОП28 во Дубаи во декември.
Прочитај повеќе
Високите температури фокус на разговорите на министрите од Г-20
Разговорите во Гоа имаат за цел да понудат можност за повторно заживување на слабата енергетска дипломатија
22.07.2023
Се очекува 2023-та да биде историски најтопла година
Единствениот начин да се запре овој тренд, предупредуваат климатолозите, е луѓето веднаш да ги намалат своите климатски загадувачи.
18.07.2023
Екстремно високи температури се очекуваат во Европа
Во следните 10 дена топлинската купола што се протега од Сахара ќе биде присутна во Италија и Балканот со температури до 7 Целзиусови над нормата
12.07.2023
ЕУ ја разгледува блокадата на сончевите зраци како решение за климата
ЕУ ќе се приклучи на меѓународните напори за да процени дали големи интервенции, како што е одбивањето на сончевите зраци, би дале позитивни резултати.
27.06.2023
Официјалните лица во Гоа исто така не успеаја да се договорат за заеднички јазик за критикување на Русија поради нејзината инвазија на Украина во 2022 година, која ги попречи глобалните синџири на снабдување и ги погоди енергетските испораки на многу земји.
Германскиот министер за економија Роберт Хабек го нападна првиот заменик-министер за енергетика на Русија, Павел Сорокин, за промовирање „извртен изглед“ за потеклото на енергетската криза и за војната во Украина воопшто.
Русија и Саудиска Арабија се спротивставија на договорот за тројно зголемување на капацитетот за производство на обновливи извори на енергија до 2030 година, а Кина спречи зголемена соработка за критичните суровини, според Хабек.