Јапонија започна со испуштање на пречистената отпадна вода од нуклеарната станица Фукушима во Тихи Океан. Ова е прво испуштање пречистена вода, процес што се очекува да трае околу 30 години. „Токио електрик пауер-Тепко“ (Tokyo Electric Power Co), која управува со уништената електроцентрала, потврди дека процесот почнал според планот, околу 13 часот по локално време.
„Компанијата има цел да земе примерок од океанската вода подоцна в четврток, како дел од процесот“, изјави за новинарите Јуничи Мацумото, главен директор на претпријатието за напреден систем за течна преработка на управување со вода. Кина и Хонгконг, главни увозници на јапонски морски плодови и земјоделски производи, ветија дека оваа недела дека ќе преземат чекори за заштита на безбедноста на храната доколку ослободувањето започне како што е планирано.
Стратегијата „го пренесува ризикот од нуклеарно загадување на соседните земји“, според заменик-министерот за надворешни работи на Кина, Сун Веидонг. Првото испуштање на „Тепко“ (Tepco) вклучува ослободување на околу 7.800 кубни метри прочистена вода, а потребни се околу 17 дена за да се заврши целиот процес, според документ објавен на веб-страницата на компанијата. Водата ќе содржи 1,1 трилион бекерели (мерка за радиоактивност) тритиум, со релативно ниски концентрации на радионуклид. „’Тепко’ ќе ги открие деталите за дневното испуштање вода следниот ден“, изјави Матцумото за новинарите.
„Тепко“ има цел да испушта помалку од 22 трилиони бекерели тритиум годишно и очекува да ослободи пет трилиони бекерели, бидејќи ќе спроведе вкупно четири испуштања на пречистена вода до крајот на март. Кина ќе го засили мониторингот на радијацијата во своите поморски области и ќе внимава на какво било влијание од испуштањето на отпадните води во Фукушима, наведе во четвртокот Министерството за екологија и животна средина во соопштение објавено на својот профил на социјалните мрежи. Загриженоста за безбедноста на некои нации е неоснована, според Најџел Маркс, експерт за радиоактивен отпад и вонреден професор на универзитетот „Куртин“ во Перт.
Јадењето морска храна од близината на местото на ослободување би имало „тритиумско зрачење еквивалентно на еден залак банана“, рече тој. Меѓународната агенција за атомска енергија и јапонската влада тврдат дека слични ослободувања на тритиумирана вода се вообичаени во нуклеарниот сектор и дека предлогот на „Тепко“ подразбира помали испуштања. Двегодишните анализи покажаа дека стратегијата на Јапонија ќе има занемарливо влијание врз луѓето и животната средина. „Тепко“ треба да ослободи вкупно околу 1,3 милион кубни метри отпадна вода - што е еквивалентно на околу 500 базени со олимписка големина. Земјиштето во кое моментално се наоѓаат резервоарите за складирање исто така треба да се расчисти за да се изградат други објекти неопходни за завршување на децениското деактивирање на локацијата.