text size
Kина ќе го запре целиот увоз на морска храна од Јапонците, со што ќе се зголемат тензиите меѓу двете нации, бидејќи Јапонија започна со ослободување на пречистената отпадна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима. Потегот за „сеопфатно“ прекинување на набавките на водни производи од Јапонија стапува во сила в четврток, се наведува во соопштението на кинеската царинска испостава, ефективно исполнувајќи ги овонеделните предупредувања за преземање „неопходни чекори“ за заштита на безбедноста на храната и морската средина.