На само малку повеќе од еден месец откако достигна рекордно високо ниво, биткоинот избриша над 30 проценти од растот регистриран од почетокот на годината бидејќи исчезнува еуфоријата околу прокрипто ставот на администрацијата на Трамп.
Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почетокот на денот.
Седум предизвици што ќе ја обликуваат македонската економија и во 2026 година
Оптимизмот за перформансите на македонската економија следната година расте. Проекциите се дека БДП ќе се зголеми за 3,8 отсто. Ова се темели на очекувањата за раст на домашната побарувачка, водена од растот на платите и пензиите и интензивирањето на јавните инвестиции.
Сепак, економските експерти и бизнисмените велат дека за испорачување повисоки стапки на раст ќе биде потребно повеќе. Меѓу клучните предизвици со кои се сочува економијата се инфлацијата, индустријата, која покажува особена нестабилност, реформите за кои се зборува со години, недостигот од работа сила, дигитализацијата, која останува на хартија.
Македонските акционери се претежно пензионери, зошто е тоа ризично?
Просечната возраст на инвеститорите во акции во САД е 42 години, а според некои истражувања се спушта и до 35, со тоа што помладите генерации порано почнуваат да инвестираат за разлика од нивните родители или баби и дедовци своевремено.
Извештаите на инвестициските групации и консултантски куќи како „СП Глобал“ (S&P Global), АРК (ARC Group) и други покажуваат дека голем број припадници на т.н. генерација зед (Gen Z), односно родени по 1997 година, почнуваат да инвестираат и пред да наполнат 25 години. Младите се привлечени од лесниот пристап до тргувањето на берзи што го нудат дигиталните платформи и мобилните апликации.
„Костко“: Од скромен магацин до феномен на Волстрит
Би плаќале ли членарина само за да купувате поевтино? Во САД, милиони луѓе веќе го прават тоа и со задоволство плаќаат. „Костко холсејл“ (Costco Wholesale Corp.), малопродажна компанија во која не можете да влезете без платена членарина, изгради глобален феномен на една едноставна идеја – плати право за да купуваш поразумно. Годишната членарина ја отвора вратата за светот на големи пакувања, пониски цени по пакување и чувство на припадност на бренд што не нуди само попусти туку и филозофија со која компанијата живее.
Додека инвеститорите продолжуваат да ги бараат технолошките гиганти што ја предводат револуцијата на вештачката интелигенција, на листата на најскапи акции на S&P 500 тивко се пробива еден исклучок – „Костко холсејл“. Овој малопродажен синџир, познат по индустриските складишта, ниските маржи и култниот хот-дог од 1,50 долар, стана симбол на деловна доследност и доверба на пазарот. Денес „Костко“ е единствената нетехнолошка компанија на врвот на индексот според соодносот цена -заработка (P/E), рамо до рамо со „Тесла“ (Tesla) и „Енвидија“ (Nvidia).
Дали вештачката интелигенција ќе има позитивен нето-економски резултат? Веројатно не
Бумот во инвестициите во вештачка интелигенција (ВИ) во моментов несомнено го зајакнува не само американскиот берзански пазар туку и пошироката економија. Но што е на подолг рок? Дали вештачката интелигенција ќе има голем позитивен нето-резултат, носејќи просперитет и решавајќи ги фискалните проблеми на нацијата?
Најверојатно, жал ми е што морам да кажам, ќе биде поблиску до пропаст. За да се проценат долгорочните импликации на вештачката интелигенција врз економските изгледи, мора да се земат предвид три прашања.
„Тотал“ купува 50 отсто од енергетските капацитети на ЕПХ за 5,1 милијарда евра
„Тотал“ (TotalEnergies SE) се согласи да купи 50 отсто удел во портфолио од енергетски производствени капацитети во Западна Европа, за околу 5,1 милијарди евра (5,9 милијарди долари), продолжувајќи да се шири во секторот додека некои од големите нафтени и гасни конкуренти се повлекуваат.
Компанијата ќе ги преземе средствата од енергетската холдинг-компанија „ЕПХ“ (EPH) на чешкиот бизнисмен Даниел Кретински, плаќајќи во нови акции, соопштија од „Тотал“ денеска. Овие акции претставуваат околу 4,1 отсто од основната главнина на „Тотал“, со што чешката фирма ќе стане еден од најголемите акционери по завршувањето на трансакцијата.