text size
Просечната возраст на инвеститорите во акции во САД е 42 години, а според некои истражувања се спушта и до 35, со тоа што помладите генерации порано почнуваат да инвестираат за разлика од нивните родители или баби и дедовци своевремено. Извештаите на инвестициските групации и консултантски куќи како „СП Глобал“ (S&P Global), АРК (ARC Group) и други покажуваат дека голем број припадници на т.н. генерација зед (Gen Z), односно родени по 1997 година, почнуваат да инвестираат и пред да наполнат 25 години. Младите се привлечени од лесниот пристап до тргувањето на берзи што го нудат дигиталните платформи и мобилните апликации.