text size
Отворете кој било оглас за новоградба во Скопје и тешко дека ќе најдете проект во кој доминираат големите семејни станови. Напротив, понудата сè повеќе се концентрира на помали и средни квадратури. Денес, највредниот квадратен метар не е оној во најголемиот стан, туку оној што најбрзо ќе најде купувач. Инвеститорите, всушност, сè почесто ги приспособуваат проектите на младите кредитоспособни купувачи, кои за разлика од генерациите пред нив не бараат веднаш голем семеен дом, туку стан што можат да си го дозволат денес, а утре лесно да го продадат или да го издаваат.