Оправдани ли се најавите дека почетокот на есента ќе донесе поскапување на храната, ќе можете да прочитате во нашата анализа што ќе ја објавиме на почетокот на следната работна недела. Во неа ги претставуваме процените од терминалот на „Блумберг“ за движењата на цените на основните прехранбени суровини на светските берзи, кои се основа за идните ценовни трендови на храната и во Македонија. Во пресрет на следната грејна сезона истражуваме како се движат цените на огревното дрво и пелетите и какви се очекувањата за цените на парното греење.
Ќе можете да прочитате какви се резултатите од работењето на компаниите од фармацевтската индустрија во Македонија и во регионот Адрија и дали има простор за понатамошен развој на оваа дејност надвор од регионот.
Приходите во државниот буџет продолжуваат да паѓаат, а Владата сè почесто се задолжува за да го покрие буџетскиот минус. Анализираме кои се причините за ваквите трендови и дали ќе биде потребен ребаланс за да се прераспределат буџетските средства.
Од ден на ден се зголемува бројот на македонски граѓани што се иселуваат од земјата. Истражуваме во кои држави најчесто се иселуваат Македонците, какви се трендовите кај внатрешните миграции и од каде има најмногу доселеници во земјава.
Како што се наближува почетокот на учебната година, така почнуваат пресметките во семејните буџети за тоа од каде ќе треба да се скрати за да се покријат трошоците за учениците. Истражуваме колку чини да се подготви еден ученик за претстојната учебна година.
Ќе анализираме и какви се најновите движења во индустријата и во трговијата, кои треба да покажат каков економски раст нè очекува годинава. Во тој контекст, ќе истражуваме и какви се најновите трендови кај странските инвестиции во Македонија.