Климатските промени ги чинаат економиите милијарди евра. Екстремните горешните се причиназа задржување повеќе влага, велат експертите. Значи, колку потопло станува, толку повеќе ќе врне, штетите ќе растат.
Добро утро, ова се петте вести кои треба да ги знаете на почеток на денот.
ББА-анализа: ЕСМ и „Окта“ меѓу енергетските капиталци во регионот
И покрај тоа што цените на енергијата се намалија во 2023 година, тие сè уште се многу нестабилни и чувствителни на сложената геополитичка ситуација. Во анализата објавена на „Блумберг Адрија инсајт“, аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ се фокусира на општите енергетски трендови и финансиските перформанси на главните енергетски компании во регионот.
„Цените на енергијата во регионот ги отсликуваат домашното снабдување (на пример кога станува збор за електрична енергија, тоа е често во зависност од интензитетот на врнежите), трендовите на глобалните цени (бидејќи голем дел од резервите на енергија се од увоз) и владината регулатива, која е на повисоко ниво во споредба со ЕУ“, велат аналитичарите.
Колкава е добивката на „ЕВН хоме“, чии приходи достигнаа 500 милиони евра
Вкупните приходи на една од најголемите енергетски компании во Македонија - „ЕВН хоме“ лани достигнаа 30,7 милијарди денари (околу 500,5 милиони евра), што е значително зголемување од 49,1 проценти во однос на претходната година, кога вкупните приходи на компанијата изнесувале 20,6 милијарди денари (околу 335,7 милиони евра), покажуваат податоците од годишните сметки на „ЕВН хоме“.
„ЕВН хоме“ е друштво за обезбедување универзална услуга за снабдување со струја. Според податоците од финансиските извештаи на компанијата, и покрај континуираното зголемување на приходите во периодот 2020-2022 година, „ЕВН хоме“ лани првпат остварила добивка од 8,9 милиони евра откако претходно во 2020 и во 2021 година забележала загуби во работењето.
Како работат домашните енергетски гиганти годинава?
Македонскиот пазар како целосно увозно зависен не остана имун на турбуленциите на светските пазари. Прв пат лани за време на пролетта, цените на дериватите во земјава се изразуваа со три цифри. Тоа всушност, беше најголемиот проблем на компаниите, не беа подготвени да ги изразат цените со толку бројки. А тие бројки им донесоа високи заработувачки.
Годинава, ситуацијата целосно се смени и веќе заклучно со септември, компаниите кои се занимаваат со трговија на нафтени деривати изразуваат помали добивки со две цифри во однос на 2022 година.
Лагард: Инфлацијата ќе ја вратиме на два отсто во 2025 година
Забавувањето на инфлацијата „секако е наша прогноза“, посочи претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, додавајќи дека институцијата е решена да го врати растот на цените на стандардниот просек.
„Решени сме да ја намалиме инфлацијата на 2 отсто. Според нашите проекции, тоа ниво ќе го достигнеме во 2025 година“, изјави Лагард за грчкиот весник „Катимерини“.
Италија се соочува со штети од милијарди евра поради климатските промени
Екстремните временски услови што ја погодија Италија оваа година, погодувајќи ги урбаните области и уништувајќи ги посевите во неколку региони, ќе ја чинат земјата милијарди.
Најголемите осигурителни компании веќе се соочуваат со штети од повеќе од 3 милијарди евра (3,2 милијарди долари) од поплавите и ураганите што ги погодија регионите Венето и Емилија Ромања претходно оваа година, наведено и во анализата објавена од „Соле 24 оре“ (Sole 24 Ore) во неделата.